Дарко Наков е редовен професор на Катедрата за бетонски и дрвени конструкции на Градежен факултет Скопје при УКИМ. Тој во моментов е Претседател на ДГКМ, Претседавач на македонската национална група на IABSE, продекан за финансии, инвестиции и развој на Градежен факултет Скопје, Потпретседател на Собранието и координатор на работната група 2 при ТК40 (Еврокодови) на Институтот за стандардизација на РСМ и генерален секретар на Инженерската Институција на Македонија.